Додајте натпис |
За концертот на Тоше, српските медиуми известуваа неколку дена претходно, респектирајќи го како голем и централен настан во српската метропола. Тоше со своето тричасовно шоу успеа да го докаже тоа. Тој го започна концертот со песната Пратим те (македонска верзија По тебе), а потоа се изнаредија сите негови хитови од српската фаза на неговата кариера, со исклучок на Тајно моја, која публиката на течен македонски ја испеа хорски, од прв до последен збор.
"Ова е најсреќен ден во мојот живот. Првпат ми се случува концертот кој уште да не е почнат, јас се плашам дека ќе заврши" - рече Тоше по неколку испеани песни. На одличен српски јазик, Тоше без проблем комуницираше со својата публика како никогаш до сега. Ерупција од задоволства настана кога најпрво им го честиташе православниот празник Св. Трипун, па меѓународниот Св.Валентин. Фидбекот постојано се враќаше од другата страна, оти фановите ги знаеја сите песни напамет.
Како што забележаа некои медиуми, Тоше на концертот се покажа како одличен гитарист, речиси на самиот старт кога се фати за гитара, во изведба на Лејди. Со него на сцена беа и членовите на неговиот бенд Blue Funky Individuals, диригентот Саша Николовски - Ѓумар, симфониски оркестар, хор... и сите беспрекорно си ја завршија својата работа.
Тоше на концертот имаше и многубројни гости, Биља Крстиќ со која ги испеа македонските народни песни Јовано,Јованке и Море сокол пие, Џана Нанини, со која заедничката песна Арија ја имаше својата светска премиера, Александра Милиќевиќ со која ја испеа песната 1200 Милји (во оригиналната изведба со Гоца Тржан), оркестарот на Срѓан Азировиќ со кој ја исполни Несаница (тема од филмот Ивкова слава) и Танец кои уште еднаш докажаа дека се вистински македонски културни амбасадори.
Крајот на концертот беше вистински делириум, бидејќи за крај беа оставени неговите најголеми хитови - Лагала нас мала, Чија си и Срце није камен. Како специјален подарок од Тоше за неговите фанови, тој ги исполни Fragile од Стинг, Nothing else matters од Металика и Као какао од Леб и сол.
На 12 февруари 2008 година концертот од Белградската арена започна да се продава во ДВД издание. Овој концерт е одлика на неговиот патриотизам и сè она што беше Тоше – велат од неговата матична продукција „Аворд“. На ДВД-то има материјали од хрватскиот Радијски фестивал во Хвар, промоцијата на албумот „Игри без граници“ од Загреб.
Нема коментара:
Постави коментар